(ФОТО) Популарната актерка која ја полуде публиката во „Злобница“ изгледа сеуште заводливо и на 48 години

Габриела Спаниќ (48) во 90-тите била една од најпопуларните актерки во регионов поради улогата на близначките Паулина и Паола во мексиканската теленовела „Злобница“.

Во тоа време епизодите на серијата не се пропуштале, а Габриела веднаш го освоила срцето на публиката во двојната улога.

Секоја нова епизода од серијата се чекала со нетрпение, а верните обожаватели на ликот и делото и по завршувањето на серијата го оплакувале крајот.
И додека популарната злобница била на врвот од кариерата во 90-тите, не можеме да го одречеме фактот дека и денес Габриела изгледа феноменално. Иако често е на мета на критики во јавноста поради естетските операции кои ги правела во текот на животот, популарната мексиканска актерка добро изгледа за своите години.

Малкумина знаат дека на Габриела освен што сапуниците ѝ станаа заштитен знак, таков ѝ беше и животот зад камерите. Со сестрата близначка Данијела со години не биле во добри односи, наводно поради љубовниот триаголник со поранешниот сопруг на Габриела, Мигел, од кого се развела во 1999 година.

Инаку, сестрите доживеале и голема семејна драма кога Данијела во петтиот месец од бременоста доживеала мозочен удар и завршила во кома.

 

tocka.mk