Целосен хаос се случува во здравството, луѓе умираат чекајќи лекови, министри се менуваат како чорапи, нема плата за здравствените работници, а најново е тоа што хакери ја рекетираат државата и баараат откуп, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение го пренесуваме соопштението воо целост:
Замислете, хакери ја уценуваат владата на Ковачевски, бараат откуп, за да ги вратат назад податоците на граѓаните од веб страната на фондот за здравство.
Македонското здравство е во целосен колапс, а само пред неколку години СДС ги лажеше граѓаните, дека ќе имаат бесплатни здравствени услуги во ЕУ. Ковачевски не може да обезбеди нормални здравствени услуги во Македонија, а камоли во ЕУ.
Оваа неспособна власт треба да се самораспушти час поскоро, граѓаните го бараат тоа.
извор: ВМРО ДПМНЕ