Хаос во Атина: Прекинато големото грчко дерби

Панатинаикос поведе во првото полувреме на стадионот „Караискаки“, а кога домаќините израмнија на почетокот на вториот дел, дојде до големо славје.

Во таа прослава се повреди фудбалерот на Панатинаикос, Хуанчар, па мораше на носилки да биде изнесен од теренот.

Италијанскиот судија Паоло Мареска потоа го прекина натпреварот и ги испрати играчите во соблекувалната.

 

Извор: flash.gr