Убаво и мило ми е што ќе напишам неколку збора за тие двата, за
Цветан Мазнику и Вита Која, и двата Македонци со потекло од Голо
Брдо кои денес живеат во Тирана, а никогаш не го заборавиле
родното место.
Можеби сме запознаени уште на почетокот на 90-те години од минатиот
век, токму тогаш кога Македонците во Албанија, насекаде каде живееле,
се трудеја и работеа за да се организираат во посебни македонски
општествено- културни и политички друштва токму затоа што беа
исфрлени од редовите на албанските различни организирања и се најдоа
на крстопат. Токму тогаш ние во Преспа ја основавме Организацијата
“Друштво Преспа”, а Цветан Мазнику и Вита Која заедно со нивните
соработници од Голо Брдо ја основаа политичката Организација „Мир“
Тие настани, тие тогашни пресвртници за албанското општество и за Македонците во Албанија ги отворија патиштата и создадоа услови за
контактирање и соработка на Македонците на сите полиња на животот. Во
такви околности се запознавме и со Цветан Мазнику и Вита Која за да
денес, после двадесет години познавања и соработка одејќи по трнливи
патишта за Македонците во Албанија, да можат да напишам неколку реда
за овие херои на Македонското прашање во Албанија кои, покрај
десетици други соработници, жртвувале и сè уште жртвуваат дел од
нивниот живот и му го посветуваат на Македонскиот род во Голо Брдо, на
Македонскиот народ во Албанија, токму затоа што покрај политичките
организирања, работат и во собирање, уредување и печатење на
македонскиот фолклор, на голем дел од македонските бисери од оние краишта од каде тие потекнуваат.
Досега тие имаат објавено четири книги со такви бисери, со пословици,
кажувања итн., кои и ден денес се употребуваат во тие краишта како и
насекаде каде дел од тоа население е преселено од различни причини.
Сите книги ги имаат под насловот “Голобордски фолклор” а бидејќи ги
имаат преведено и напишано и на албански јазик, под главниот наслов
имаат додадено и зборовите Македонско-албански пословички паралели”.
Подолу пренесуваме парчиња од животот на авторите Цветан Мазнику и
Вита Која како и неколку пословици од книгите на овие двајца коавтори:
ЦВЕТАН МАЗНИКУ е роден во село Клење-Голо Брдо во 1938 година.
Основно училиште завршил во родното село, a средно во Драч. Во 1957
година започна универзитетско-рударски студии во Ленинград, Русија кои
ги завршил во Тирана на Рударскиот факултет. Работел во Подградец на
Рударскиот Институт во Тирана. Тој е собирач и на македонскиот фолклор
од Голо Брдо и заедно со Вита Која, постигнале да подготват и да
испечатат четири книги со ризница од фолклорот. Уште од почетокот на
движењето на Македонците во Албанија за сестранско организирање,
Цветан беше во првите редови на тие организирања каде учествува и
придонесува и ден-денес. Токму затоа на Цветан Мазнику, на (Чичко
Цветан) како што му се обраќаат повеќето од соработниците, му
посакувам долг, среќен и плоден живот. Нека му се множат книгите, тие
бисерни убавини, богатства од вредната ризница на Македонскиот
фолклор на народот во прекрасното подрачје на Голо Брдо.
ВИТА КОЈА е родена во село Ѓинеец- Голо Брдо во 1957 година.
Завршила основно, средно и Економски факултет во Тирана.
Специјализирала на неколку факултети надвор од Албанија како во Македонија, Италија, Грција, Франција и др. Работи како професор на
Економскиот факултет за маркетинг и туризам во Тирана. Во правец на
политичките и другите организирања на Македонците во Албанија, Вита
заедно со Цветан работеле и се уште работат како членови на тие
организации. Вита е искрена, почитувана и одлична личност за разговор и
соработка. Се грижи и вреднува сè што е македонско. Токму затоа и
започнала соработката со Цветан за да ги соберат, обработат и да ги
испечатат во 4 книги, голем дел од поговорките и пословиците кои и ден
денес се употребуваат во подрачјето на Голо Брдо. На сите македонски
средби Вита дава голем придонес за повеќе правци од животот на Македонците во Албанија. Токму затоа е почитувана и респектирана од сите кои ја знаат професорката Вито.
Еве дел од пословиците на Голобрдо, извадени од книгите на Цветан и
Вита: Објавените книги се на дијалектот (наречјето) на Подрачјето на
Голобрдо,
– Ајван се воравет за колче, а чоек за збор.
– Ако бараш и ќе најиш.
– Ако береа свите муви мед, медот ќе беше без пари.
– Ако да беше убава работата, ќе работеше и агана.
– Ако вервиш, не ќе си сиромав.
– Ако донесиш, ќе имаш.
– Ако заигра сиромајот, ќе се рушат топанот.
– Ако знаеме ќе сме родени, не знаеме ќе умиме.
– Ако имаш лична жена, не одеј втуѓина.
– Ако е болна жената, е болна и куќата.
– Ако лошото не бегат од тебе, бегај ти од него.
-Ако ме видиш со едно око, ја ќе те вида со обева.
– Ако ме остајт мотиката.
– Ако навалиш плешчите, ќе ти клает самар.
– Ако немаш, Бог ти дал.
– Ако не моиш да направиш добро, не прај лошо.
-Ако не плачит џагурено мајка му не му дават да цицат
Текстот е напишан од Спасе Мазенковски во 2011 година и го
објавуваме во чест на македонските активисти во Албанија, Цветан Мазнику, Вита Која и Спасе Мазенковски. Цветан Мазнику почина
на 01 јануари 2015 година додека Спасе Мазенковски почина на 30
мај 2018 година. Вечна му слава!
makedonium.net