Во позната белградска пицерија, вчера околу 12 часот дошло до расправија меѓу работниците Ѓ. Ѓ. (49) и Д.Х.(46), која прераснала во тепачка.
Конфликтот настанал околу испораката на храна. Ѓ. Ѓ. потоа го нападнала Д.Х.
Таа од кујната извадила нож и се обидела да го прободе. Потоа ја удрил по главата и телото и со прстот ја прободел во окото.
Таа повторно се обидела да го избоде, но тој излегол од локалот и повикал полиција.
Беа прегледани камерите за надзор.
Истрагата ја води Првото основно јавно обвинителство.