Хорор кај Јагодина: Мајка на пет деца убила новороденче и го ставила во замрзнувач

Мајка во Србија e осомничена дека го убила сопственото бебе при породување, пишуваат српските медиуми.

Телото било пронајдено во замрзнувач по неколку месеци. На А.Ѓ.(32) од околината на Деспотовац ѝ е одреден 48-часовен притвор по што со кривична пријава ќе биде спроведена во надлежното обвинителство.

Таа беше приведена во четвртокот во Јагодина.

А.Ѓ. е мајка на пет деца, а тие се сместени во згрижувачки семејства.