Центар за управување со кризи: Информација за состојбата со пожарите на отворен простор – до 13:00 часот

На ден 06.07.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 6 пожари на отворен простор, од кои 1 пожар е активен, а 5 пожари се изгаснати.
Активен пожар (1):
Општина Куманово – м.в. Пармакови Ниви (сува трева).
Изгаснати пожари (5):
Општина Демир Капија – с. Прждево (2 куќи, помошен објект, сува трева и нискостеблеста шума).
Општина Ѓорче Петров – с. Волково, кај Лепенец (депонија).
Општина Новаци – с. Новаци (сува трева).
Општина Дебар – Дебар (ѓубре).
Општина Кочани – с. Грдовци – с. Мојанци (депонија).