Чиолаку во водство по излезните анкети, најверојатно втор круг претседателски избори во Романија

Романците на 24 ноември гласаа на првиот круг од претседателските избори кои ќе имаат клучна улога за надворешната политика, особено за актуелната помош од Букурешт за Украина со која делат 613 километри граница.

Излезните анкети на претседателските избори во Романија му даваат предност на Марсел Чиолаку, премиер и шеф на Социјалдемократската партија со околу 25 отсто во првиот круг, но се чини дека тој ќе биде принуден да се соочи со вториот круг, веројатно против Елена Ласкони од Зачувај ја Унијата на Романија, партија од десниот центар.

Како што заврши гласањето во 21 часот на 24 ноември, две излезни анкети му дадоа на Чиолаку 25 отсто од гласовите, додека Ласкони беше втора со околу 18 отсто.

Независниот Каилин Георгеску и Џорџ Симион, водачот на екстремно десничарската, ултранационалистичка Алијанса за единство на Романците (АУР), заостанаа со 14-16 отсто во полето од 13 кандидати.

Некои избирачки места на дијаспората сè уште беа отворени по затворањето на гласањето во Романија. И Ласкони и Симион се популарни кај Романците во странство.

Доколку ниту еден кандидат не добие над 50 отсто од гласовите, на 8 декември ќе се одржи вториот круг на кој ќе учествуваат двајцата најдобри.

 

 

 

 

slobodnaevropa.mk