Подружница Равна Река – Пехчево, во овој период интензивно продолжува со работа на санирање на опожарената површина во шумско стопанската единица Буковиќ Бајаз Тепе, која беше опожарена во минатогодишните катастрофални пожари кои го зафатија овој регион. Заклучно со месец септември оваа година, подружницата има посечено и продадено вкупно бруто дрвна маса во количина од 8566 м3 од кои 3806 м3 техничко дрво, 4117 м3 огревно дрво и 643 м3 отпад собран после сеча. На некои делови во опожарената површина веќе се забележува и природна обнова од различни дрвни видови – бор, даб, јасика, разни видови на врби и други дрвни видови, информираат од ЈП Национални шуми.
Related Posts
Градоначалникот на Благоевград: Ќе ги казнам напаѓачите на македонскиот клуб со иста казна каква што ќе добијат цариниците, граничната полиција и другите функционери на Македонија
Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Бугарија беше оштетен пред неколку дена, а вчера беа приведени двајца вработени во општинското…
Пецаков: Општина Охрид ќе мора да ги земе работите во свои раце како главен организатор на Охридски пливачки маратон
Охридски пливачки маратон ќе има и ќе го организира општина Охрид. Ова денеска го изјави градоначалникот Кирил Пецаков, по координативниот…
Пред пролетната вегетација на зелените површини, екипите на ,,Паркови и зеленило” со голем број активности ги подготвуваат дрворедите и хортикултурните катчиња во Охрид
Голем број активности на ,,Паркови и зеленило”🌱 🌱Пред пролетната вегетација на зелените површини, екипите на ,,Паркови и зеленило” со голем…