Човек со визија и замисла за тоа каква Македонија треба да имаме, рече Мицкоски за Трајковски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски рече дека тој бил човек со визија.

„ 19 годишнината од трагичната смрт на Претседателот Трајковски. Да си спомнеме за човекот кој и се посвети на нашата држава.

Човек со визија и замисла за тоа каква Македонија треба да имаме. 19 години подоцна, истите предизвици и нашата борба за иднината. Ќе успееме затоа што веруваме во Македонија! Слава му!“ напиша Мицкоски.

 

tocka.mk