Чуден е молкот за пропустите на Јавното обвинителство во случајот со модуларната болница во Тетово. Срамно е што одговорноста за смртта на 14 луѓе се сведе на две – три периферни лица во системот без прецизно утврдување на вистинска одговорност, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото се додава:
Јавното обвинителство како за овој, така и за сите други случаи амнестира од одговорност луѓе за кои има основани сомневања дека имаат пропусти во работата и криминално работат.
До кога ЈО ќе трепери пред олигархијата и луѓето од власта?
Јовевски е само статист во овој случај, а ИРЛ ги потврди сите наши сомнежи кои ги изнесовме уште пред две години. Потребно е да има одговорност и ќе одговараат сите од прв до последен.
извор: ВМРО ДПМНЕ