Шефот на кабинетот на новиот директор на Арсовска малтретира вработени?

На социјалните мрежи се појави видео снимка за која се тврди дека е од јавното претпријатие „Водовод и Канализација“, а на која се гледа како еден човек удира друг со тупаница во стомакот.

Според објавеното, напаѓачот е шеф на кабинет на новиот директор Марјанчо Митовски, во постот опишан како „Јовче Куварот“. Инаку, новиот директор на скопски „Водовод и Канализација“ беше поставен пред околу една недела од градоначалничката Данела Арсовска.

Водовод е единствена фирма со двајца шефови на кабинет, Јовче куварот од прв ден сее страв и мава недолжни луѓе по ходници/лифтови! се вели во постот на Твитер.

 

видео: TWITTER