Шпанскиот премиер Педро Санчез денес ќе пристигне во официјална посета на Македонија, во рамки на неговата балканска турнеја.
Од МВР информираа дека поради таа причина ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Санчез претходните денови беше во посета на Србија и Босна и Херцеговина.
Почитувани сограѓани, денес е историски ден!, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски пред почетокот на пленарната собраниска седница…