Ѓоковиќ и Ибрахимовиќ заедно го следеа дербито меѓу Интер и Милан на Сан Сиро

НОВАК ЃОКОВИЌ беше на Сан Сиро за да го проследи првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу Интер и Милан, кој заврши со победа на Интер со 2:0. Ѓоковиќ е фатен на камера во друштво на Златан Ибрахимовиќ, фудбалер на Милан кој поради повреди ја пропушти речиси цела сезона. Ибрахимовиќ против Милан не беше ниту вклучен меѓу резервите.

Ѓоковиќ и Ибрахимовиќ се познаваат со години, а Новак за Милан ТВ изјави дека навива Милан да стигне до финалето на Лигата на шампионите. Српскиот тенисер последен пат играше на АТП турнирот во Бања Лука од кој беше елиминиран во второто коло од сонародникот Душан Лајовиќ. Моментално е прв на АТП-листата пред младиот шпански тенисер Карлос Алкараз.

 

index.hr