Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, преку објава на социјалните мрежи изрази сочувство за жртвите од трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Страшната катастрофа не ја потресе само Македонија, туку и целиот Балкан, а пораките на поддршка за семејствата на загинатите пристигнуваат од сите страни. Меѓу нив е и Ѓоковиќ, кој на својот Инстаграм стори сподели македонско знаме со црна лента, симболизирајќи тага и солидарност со настраданите.
Неговата објава веднаш доби огромен одек кај јавноста, а многумина ја истакнаа неговата човечност и поддршката што ја упатува во моменти на трагедија.
skopjeinfo.mk