Јавен повик за користење на локации за поставување на урбана опрема во Градски парк во Скопје

Град Скопје објави јавен повик во дневните весници Нова Македонија и Коха, како и на официјалниот портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, за користење на локации за поставување на урбана опрема и други подвижни направи во Градски парк во Скопје.

Урбаната опрема ќе се поставува на 28 локации во Градски парк утврдени во графичкиот прилог составен дел на повикот.

Право на учество на јавниот повик имаат сите правни лица заинтересирани за користење на локација во Градски парк – прв и втор дел за поставување на урбана опрема – подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни  направи за продажба на сладолед, пијалоци и други производи, подготовка на пуканки, шеќерна волна и крофни, палачинки и слични производи.

На заинтересираните субјекти кои ги исполнуваат условите ќе им биде одобрено користење на локација за поставување на  подвижните објекти согласно принципот прв дојден, прв услужен. Рокот за поднесување на пријавите е 10 дена од денот на објавување на јавниот повик во дневните весници.

Барањето, изјавата  и графички приказ на локациите може да се подигне во Архивата на Град Скопје и барака број 11, канцеларија број 1, бул. Илинден бр. 82, 1000 Скопје.

Барањата со целокупната документација, треба да се достават, преку архивата на Град Скопје, до Сектор за комунални работи, со назнака за Јавен Повик за утврдување на начинот, условите и постапката за користење на локации за поставување на урбана опрема во Градски парк во Скопје.

Повеќе информации за јавниот повик, заинтересираните можат да добијат, од објавите во дневните весници Нова Мaкедонија и Коха, и на официјалниот портал на Град Скопје, како и на контакт телефон 02/3297-389, Сектор за комунални работи на Град Скопје.