За остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Охрид, согласночлен 17 од Законот за младинско учество и младински политики објавен во Службен весник на РМ бр. 10 од 16.01.2020 година, се наметнува потреба од поголема функционалност на локално младинско собрание, како форма за зголемено учество на младите во локалната заедница.
Целта на реализација на оваа активност е вклучување на младите во спроведување на политиките и креирање на младинските програми. Тоа е можно единствено преку институционализирање во тело кое формално правно ќе ги претставува и застапува младите во Општина Охрид.
Локалното Собрание на Млади ги известува заинтересираните дека објавува Повик за членови на Локално Собрание на Млади на Општина Охрид.
Повеќе информации може да најдете на линкот во продолжение