Јелена Карлеуша нема повеќе Инстаграм

Српската пејачка во последните недели се најде во центарот на вниманието поради нејзините објави на социјалните мрежи за протестите во Србија и Александар Вучиќ, поради кои беше покрената петиција за затворање на нејзиниот Инстаграм профил.

Здружението на граѓани Еко Стража од Србија ова барање го испратило до компанијата Мета поради „говор на омраза, расизам, ксенофобија и штетно однесување“, јавуваат српските медиуми. Досега се собрани 348 илјади потписи.

„Бараме Мета да го суспендира профилот на Инстаграм на Јелена Карлеуша поради говор на омраза, расизам, ксенофобија, таргетирање поединци и генерално штетно однесување. Ова e повеќекратно прекршување на упатствата на заедницата на Инстаграм, особено во однос на говорот на омраза, вознемирување и дезинформации“, велат од Еко Стража.

Тие исто така додадоа дека пејачката ги користи своите профили на социјалните мрежи за политички пропагандни цели. Според нив, од почетокот на студентските протести во Србија, Карлеуша речиси секој ден споделува десетици објави за поддршка на претседателот Вучиќ и отворено ги навредува сите кои не се согласуваат со нејзиното мислење.

„Профилот на Инстаграм на Карлеуша постојано се користи како платформа за таргетирање поединци, ширење реторика на омраза и промовирање на пропаганда во корист на српскиот автократ Александар Вучиќ. Нејзините објави вклучуваат ксенофобични и расистички коментари, како и координирано вознемирување на поединци и групи. Овие дејствија не само што ја прекршуваат политиката на Интаграм, туку и продонесуваат во непријателското онлајн окружување кое поттикнува понатамошни споделувања и нетолеранција“, се вели во продолжението.

 

vecer.mk