ЈП Македонија пат: Сите патни правци се проодни

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд.

-ЈП Македонија пат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата по обилните врнежи во западните и источните предели. Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Пресека, Ѓавато и Маврово. Сите патни правци во државата се проодни, велат од јавното претпријатие.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.