Њујорк: 24 повредени при судир на возови во метрото на Менхетен

Најмалку 24 лица се повредени кога воз во метрото на Менхетен, Њујорк, кој превезувал околу 300 луѓе, се судрил со воз што не бил во функција, по што двата воза излетале од шините, јавува Анадолу.

Несреќата се случи околу 15 часот по локално време во близина на 96. улица и Бродвеј на Апер Вест Сајд. Еден од возовите, во кој имало 300 патници, се судрил со друг воз што не бил во функција поради вандализам, соопшти управата на Метрополитан транспортејшн.

„За среќа, нема сериозни повреди. Очигледно, два воза не треба да се судрат еден во друг. Ќе ги откриеме причините за тоа“, рече претседателот на Њујорк транзит, Ричард Дејви.

Несреќата предизвика големи доцнења на возовите, а продолжувањето на превозот за шпицот следниот ден е неизвесно, додаде Дејви.

За инцидентот е започната истрага.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.