Џафери: Не водам сметка каде е паркиран службениот мерцедес

Техничкиот премиер Талат Џафери, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 изјави дека тој не одлучил службениот мерцедес да биде паркиран на плоштадот Македонија, кога во еден скопски ресторан отиде да го прослави првиот ден како претседател на Владата.

Тоа беше пренос на функциите, па чинот требаше да се одбележи. Јас како премиер не водам сметка каде е паркирана колата. Веројатно тие од обезбедување не исплаирале добро каде ќе паркираат“, изјави Џафери.

Во однос на пушењето во Собранието додека ја прославуваше функцијата прв премиер Албанец, Џафери изјави дека прифаќа казна за тоа.

Јас сум човек, свесен сум дека може да се опуштан и во момент на емоција може да направам нешто. Јас не сум активен пушач, но знам да запалам. Но, тоа ми е грешка, ќе одговорам соодветно на одлуката на институцијата“, наведе тој.