Џафери пречекан со Илирида и Чемерија – вистина или монтажа?

Повеќе медиуми денес објавија дека новиот технички премиер Талат Џафери бил пречекан во неговото родно село Форино со извици „Илирида“, Чемерија“  и „Косово“. Тоа беше дополнето со видео на кое се слушаа скандирањата, но по неколку прегледи впечатокот е дека веројатно станува збор за фабрикувана лажна снимка за да се предизвика негативна реакција,  објави nezavisen.mk.

На таа снимка се гледа македонско знаме покрај албанското, а  жителите на Форино како стојат во кордон со факели од двете страни на улицата, во време кога конвојот од полициски возила и обезбедувањето на Џафери минуваат низ улицата. Како што е познато, Талат Џафери е токму од гостиварското село Форино, и затоа тој го носеше прекарот командант Форина. На видеото може да се види дека техничкиот премиер се поздравува со своите соселани и познаници, а исто така и им отпоздравува на граѓаните кои дошле на неговиот пречек.

На официјалниот сајт на Џафери и на ДУИ, каде што беше објавено видеото одеше музика, но затоа  видеото што се шири на социјалните мрежи повеќе наликува на атмосфера од некој фудбалски натпревар бидејќи такво ехо не може да предизвикаат малата толпа граѓани од Форино. Така што, голема е веројатноста скандирањата да се налепени, а веста фабрикувања.

Веста, а особено видеото, почнаа потоа да исчезнуваат од порталите.

Дека изборите се шанса за внатрешни и надворешни пропаганди и мрачни сценарија се виде и од постот на првиот човек на бугарската „Фондација Македонија“, Виктор Стојанов, кој  објави наводна изјава на Али Ахмети за косовските медиуми во која рекол дека тој „ќе биде претседател на Македонија во иднина“ и дека „Талат Џафери нема да биде премиер само 100 дена“, со забелешка дека се што рекол досега Ахмети, исполнувал. Тој дел од интервјуата на Ахмети не може да се најде во косовските медиуми, ниту пак го пренесе некој во Македонија.

извор: nezavisen.mk