На 18.02.2022 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција и инспектори од СВР Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во 25 угостителски објекти во Гостивар и во Струга и при тоа се констатирани низа неправилности во 14 објекти, кои се законски санкционирани. Од страна на Управата за јавни приходи се изречени санкции кон седум објекти во Струга и седум објекти во Гостивар, во кои се констатирани различни неправилности: неиздавање на фискални сметки, немање резервен фискален апарат итн. Од страна на Државниот пазарен инспекторат пак изречени се санкции за седум објекти во Гостивар поради разни видови непарвилности кои биле констатирани при контролите. Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.
Related Posts
Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери
Досегашниот премиер Димитар Ковачевски денеска (29 јануари) му ја предаде функцијата на Талат Џафери, претседател на техничката влада. „Повикувам владата…
Со плата секој месец може да си купува по два стана во Скопје: Чија нето плата е 146.000 евра во тутунскиот бизнис?!
Анализа на Пари: Колкави беа добивките и платите во трговијата со тутун во екот на пандемијата Вестите за најголемите приходи…
Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски освои нов златен медал
Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски стигна до нов златен медал, откако беше најдобар на Г1 Тирана Опен во Албанија. Сребрениот олимпиец…