Ватикан е подготвен да го „олесни дијалогот“ меѓу Русија и Украина за да се стави крај на војната, изјави високиот дипломат од Ватикан, Пјетро Паролин.
Паролин, државниот секретар на Ватикан, кој е втор во хиерархијата на Ватикан, веднаш зад папата, за италијанските весници изјави дека „и покрај војната што Русија ја започна против Украина, тој е убеден дека секогаш има простор за преговори“, пренесува Ројтерс.
извор/фото: агенции