До 18:00 часот на 03.07.2026 година, на територијата на државата се регистрирани 6 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, а 5 се изгаснати.
Активен пожар (1):
Општините Чешиново-Облешево и Пробиштип – атарите на селата Новоселани и Лепопелци (Чешиново-Облешево), како и Бучиште и Неокази (Пробиштип), каде гори ниска вегетација и нискостеблеста деградирана шума.
Изгаснати пожари (5):
Општина Штип – с. Чардаклија, каде гореа ниска вегетација и жито;
Општина Штип – с. Стар Караорман, каде гореа ниска вегетација и стрниште;
Општина Штип – местото викано „Исар“, во централното градско подрачје, каде гореше ниска вегетација;
Општина Штип – помеѓу Штипска млекара и М.К. Албатрос, каде гореше ниска вегетација;
Општина Тетово – кај силосите на Жито Полог, каде гореше ниска вегетација.


