Дваесет и пет годишен странски државјанин е убиен синоќа во угостителскиот објект на Градскиот плоштад во Штип. Со неколку прострелни рани, тој бил донесен во Градската болница каде иако лекарите се обиделе да го реанимираат, сепак не успеале.
Основното јавно обвинителство Штип информира дека добило информација од Министерството за внатрешни работи дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент во Штип е лишено од слобода.
„Пронајдено е и оружјето. Во текот на денот ќе следи постапка“, велат од таму.