Давкова: Како и во Климентово време, треба да се обединиме околу заедничките, повисоки цели, градејќи односи на доверба и солидарност во премостувањето на разликите

Чест ми е што и годинава бев покровителка на Свечената академија во чест на Свети Климент Охридски, нашиот најголем просветител, врежан не само во македонската, туку и во колективната меморија на целото словенство.
Поучени од него, мора да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество со тоа што одново ќе ги научиме доблестите коишто ја одржуваат заедницата, смирението и милоста.
Како и во Климентово време, треба да се обединиме околу заедничките, повисоки цели, градејќи односи на доверба и солидарност во премостувањето на разликите.
Да се натпреваруваме во добрина, служејќи ѝ на заедницата, на општеството. Да ја направиме македонската држава пристојно место за живеење!