Давкова: Посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е јасна потврда за важноста на сојузничката солидарност и заедничката одговорност во рамките на НАТО

Посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е јасна потврда за важноста на сојузничката солидарност и заедничката одговорност во рамките на НАТО.
Укажав на македонското посветено и доследно однесување кон преземените обврски на Самитот во Хаг и Велс во поглед на издвојувањето од БДП за одбраната.
Ја потенцирав активната улога на македонската армија во меѓународните борбени мисии, насочена кон одвраќање и заедничка одбрана на НАТО просторот.
Се согласивме за итноста на интегрирањето на Западен Балкан во ЕУ, како најсоодветно решение за отпорност кон трети влијанија, но и безбедност не само на Западен Балкан, туку и на Европа.