ДКСК го запре предметот против Блерим Беџети – не морал да ја пријави градежната фирма на неговите деца

Откако првично го казни пратеникот Блерим Беџети од ДУИ поради непријавување промена на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) донесе поинаква одлука – дека законски немал никаква обврска за тоа што не ја пријавил градежната компанија „Ве Инвест Холдинг “ на своите две деца, за која пишуваше РСЕ.

На последната седница, Антикорупциска соопшти дека констатирала прекршок и го казнила Беџети бидејќи не пријавил промена во анкетниот лист во рок од 30 дена од основањето на фирмата во септември 2025 година.

Но, како што соопшти членот на Комисијата, Сервет Демири, Беџети поднел приговор и доставил докази – копии од лични карти дека синот и ќерката не живеат во заедничко домаќинство со нивниот татко.

„ДКСК утврди дека лицето немало обврска да пријави на интересите согласно закон бидејќи неговите блиски лица не се членови во семејство. Семејство се подразбира брачен другар, вонбраче другар, деца, со кој лицето живее во заедничко домаќинство“, рече Демири.

Од Антикорупциска велат дека е утврдена „нова фактичка состојба“, додека издадениот платен налог го поништиле.

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет против пратеникот Блерим Беџети за непријавен имот по написот на РСЕ дека неговиот 19-годишен син и 21 годишната ќерка отвориле градежна компанија „Ве Инвест Холдинг“, со седиште во стан во сопственост на таткото на Блерим, Беџет Беџети.

 

 

 

slobodnaevropa.mk