Илон Маск прави анкета дали да го врати Трамп на Твитер

Илон Маск започна анкета на Твитер доцна во петокот, барајќи од следбениците да гласаат дали да се реактивира профилот на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп на платформата.

Првите резултати покажуваат дека околу 60 отсто гласале „за“. Маск денеска напиша дека истражувањето генерира околу милион гласови на час.

Новиот сопственик на Твитер, во мај изјави дека ќе ја поништи забраната на Твитер за Трамп, чиј профил беше суспендиран по минатогодишниот напад на американскиот Капитол.

Радио Слободна Европа