Коцевски за случајот „Пулс“: Aдвокати критикуваат и се претставуваат како независни експерти, а се бранители на обвинети во случајот

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски денеска преку отворено писмо упати остра реакција до претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Љубомир Михајловски за начинот на кој дел од адвокатите јавно го коментираат поднесеното обвинение”.

Според Коцевски, овие јавни настапи се “спротивни на член 13 од Кодексот за професионална етика на адвокатите”, кој налага дека адвокатот “е должен да го чува угледот на судот и институциите пред кои се јавува”.​

Коцевски нагласува дека “неговиот настап треба да биде таков, судовите и другите органи во него да гледаат заштитник во спроведувањето на законитоста и заштитата на правата и правните интереси на странките”.​

„Изнесувањето на неосновани проценки во поглед на долгото траење на судската постапка наштетува пред се на угледот на Судот и претставува обид истиот да се прикаже како спор и неефикасен, иако судењето воопшто не е започнато. Нагласуваме дека Јавното обвинителство во моментов води повеќе активни судски постапки со кои се опфатени повеќе десетици обвинети, а судењата течат редовно и без застој. Јавните обвинители се водат единствено од доказите и немаат никаква можност да избираат колку обвинети ќе вклучат во постапките што ги водат. Притоа, укажуваме дека одредени адвокати го злоупотребуваат професионалното својство, се претставуваат и ја коментираат постапката и обвинението како непристрасни правни експерти, без притоа да појаснат дека всушност се бранители на обвинетите кои во основа ги застапуваат интересите на својот клиент, доведувајќи ја со тоа во заблуда јавноста и особено оштетените“, пипува Коцевски во писмото.

 

 

 

 

slobodnaevropa.mk