На 11.05.2025 во 16.45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода К.В.(31) Тетово. При сообраќајна контрола на улица „Маршал Тито“ во Тетово било сопрено патничко возило „фоксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал К.В., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.16 промили алкохол во крвта. Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Related Posts
Министерот Тошковски доби опомена од „Сејф Сити“
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, утрово добил смс-порака за сторен сообраќаен прекршок забележан од системот „Сејф Сити“, додека со…
Почина Ферид Мурад – светски познат лекар и нобеловец со потекло од Македонија
Мурад, светски познат лекар, по потекло од Македонија, е роден во 1936 година, а во 1998 ја доби Нобеловата награда…
(ФОТО) Графит на споменикот Цар Самоил во Скопје
Графит на споменикот Цар Самоил. Фотографија од вака нагрдениот споменик спонзорирано се шерува на социјалната мрежа Инстаграм. Инаку споменикот на…




