На 11.05.2025 во 16.45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода К.В.(31) Тетово. При сообраќајна контрола на улица „Маршал Тито“ во Тетово било сопрено патничко возило „фоксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал К.В., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.16 промили алкохол во крвта. Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Related Posts
Пецаков до верниците со католичка вероисповед: Празникот да го поминете во мир благосостојба и среќа!
Драги охриѓани, верници со католичка вероисповед, сите сограѓани кои го прославувате најрадосниот христијански празник Велигден по Грегоријанскиот календар, најискрено ви…
Мицкоски: За следната година во Буџетот се предвидени 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска го посети Тутунски комбинат АД Прилеп. по што на новинарско прашање, каков е планот…
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
Во близина на Штип денеска ќе биде поставен камен-темелник на Ветерниот парк, што ќе го гради компанијата „Алказар енерџи“, инвестиција…




