Денес, заедно со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Aleksandar Nikoloski и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски извршивме увид на градежни активности на автопатот Кичево-Охрид.
Се работат деловите од оваа делница на автопатот Кичево–Охрид каде што има свлечишта, притоа се работат и проекти за стабилизирање на земјиштето бидејќи е тоа многу важно за да може целата траса да биде пуштена и завршена.
Исто така сакам да напоменам дека со несмалена динамика се работи и на други три делници и автопати, тоа се Тетово-Гостивар, Гостивар- Букојчани и Прилеп- Битола. Навистина имаме една голема офанзива која што очекувам да резултира со конечно завршување и заокружување на автопатската инфраструктура во Македонија.
Благодарност до сите компании и работници кои што работат на оваа делница деноноќно и се трудиме што побргу да го завршиме тоа што е почнато пред повеќе од една деценија.




