Skip to content
  • Twitter
  • Facebook
  • Youtube
  • Instagram
недела, Јул 26, 2026

News1

Се од Македонија!

  • МАКЕДОНИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • ПОЛИТИКА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • МАГАЗИН
  • TRAVEL
  • Home
  • МАКЕДОНИЈА
  • Намалување на цените нa роаминг од октомври во Западен Балкан и ЕУ

Намалување на цените нa роаминг од октомври во Западен Балкан и ЕУ

мај 5, 2023мај 5, 2023Redakcija

Цените на роаминг тарифите за пренос на податоци меѓу ЕУ и Западен Балкан од октомври годинава значително ќе се намалат, соопшти денеска Министерството за информатичко општество и администрација, пренесувајќи ја објавата од Европската комисија дека телекомуникациските оператори постигнале договор да го направат подостапен роамингот за граѓаните и бизнисот во двата региона, врз основа на Декларацијата за роаминг потпишана на Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржа во декември лани во Тирана.

Се очекува со ова ограничување на цените за роаминг за пренос на податоци значително да се поттикне развој на бизнисот, туризмот и да се зајакнат врските помеѓу ЕУ и Западниот Балкан. Во моментов операторите работат на создавање на производи со цени под договорените ценовни ограничувања за да бидат достапни за што поголем број потрошувачи, информираат од МИОА.

 

Во јули 2021 година се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан, по што следуваа активности за намалување на роаминг тарифите меѓу ЕУ и Западен Балкан од Советот за регионална соработка, Европската комисија, операторите од Европската унија и од Западен Балкан.

 

mkd.mk

МАКЕДОНИЈАПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Навигација на напис

Вработена во АД ,,Водостопанство’’ крадела пари од сефот на претпријатието
Сè е подготвено за утрешното крунисување на кралот Чарлс Трети: Во Лондон празнична атмосфера

Related Posts

2 ноември – Меѓународен ден за ставање крај на неказнивоста за злосторства против новинарите

Денес, 2 ноември, се одбележува Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторства против новинарите. Преку кампањата „Новинарите се…

Претреси во Скопје, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

На 08.12.2025 во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија…

Анима Мунди: „Не се бара правдина за себе со чин во кој на друго битие му создавате болка“

„Не се бара правдина за себе со чин во кој на друго битие му создавате болка, траума, невиден стрес и…

Последни Вести

1

Пожарите кај Мадрид не можат да се изгаснат

redakcija2
2

Автомобил влета во толпа на ЦСД во Берлин

redakcija2
3

Славчометео: Август во Македонија ни носи нови топлотни бранови, но барем засега, без екстремна топлина, а врнежите околу или над просекот

redakcija2
4

Николоски : “Градски воз ќе има! Ветивме од 1ви Септември и од 1ви Септември ќе оперира!

redakcija2
5

Тешка кражба од околу 5 милиони евра на електровлечната станица Драчево

redakcija2

Станете во контакт

  • Twitter
  • Facebook
  • Youtube
  • Instagram

NEWS1.MK

  • Маркетинг
  • Импресум
Станете во контакт
  • Twitter
  • Facebook
  • Youtube
  • Instagram

Copyright © 2026 News1 | Infinite News by Ascendoor | Powered by WordPress.