Skip to content
  • Twitter
  • Facebook
  • Youtube
  • Instagram
сабота, Јул 25, 2026

News1

Се од Македонија!

  • МАКЕДОНИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • ПОЛИТИКА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • МАГАЗИН
  • TRAVEL
  • Home
  • МАКЕДОНИЈА
  • Намалување на цените нa роаминг од октомври во Западен Балкан и ЕУ

Намалување на цените нa роаминг од октомври во Западен Балкан и ЕУ

мај 5, 2023мај 5, 2023Redakcija

Цените на роаминг тарифите за пренос на податоци меѓу ЕУ и Западен Балкан од октомври годинава значително ќе се намалат, соопшти денеска Министерството за информатичко општество и администрација, пренесувајќи ја објавата од Европската комисија дека телекомуникациските оператори постигнале договор да го направат подостапен роамингот за граѓаните и бизнисот во двата региона, врз основа на Декларацијата за роаминг потпишана на Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржа во декември лани во Тирана.

Се очекува со ова ограничување на цените за роаминг за пренос на податоци значително да се поттикне развој на бизнисот, туризмот и да се зајакнат врските помеѓу ЕУ и Западниот Балкан. Во моментов операторите работат на создавање на производи со цени под договорените ценовни ограничувања за да бидат достапни за што поголем број потрошувачи, информираат од МИОА.

 

Во јули 2021 година се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан, по што следуваа активности за намалување на роаминг тарифите меѓу ЕУ и Западен Балкан од Советот за регионална соработка, Европската комисија, операторите од Европската унија и од Западен Балкан.

 

mkd.mk

МАКЕДОНИЈАПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Навигација на напис

Вработена во АД ,,Водостопанство’’ крадела пари од сефот на претпријатието
Сè е подготвено за утрешното крунисување на кралот Чарлс Трети: Во Лондон празнична атмосфера

Related Posts

Гостување на Бигорскиот хор во Виена, Австрија

Со благослов на Неговото високопреосвештенство, митрополитот Европски г. Пимен, а на покана на нашиот драг отец Јован Тодевски, парохиски свештеник…

Владата апелира на воздржаност од објавување на непроверени информации, за да не се создава дополнителна болка и стрес на јавноста

Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани, и во знак на почит на загинатите жртви, повредените и…

Лишени од слобода двајца турски државјани за „изнуда“, следува соодветна пријава

На 29.09.2025 во 18:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата…

Последни Вести

1

Клековски: Вклучување на сите засегнати страни во дијалогот за управување со боледувањата – потребно е ревидирање на правилата

redakcija2
2

Продолжува трендот на намалување – во јавните здравствени установи во Гостивар вчера прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош

redakcija2
3

Во понеделник наутро штрајк на грчките царински службеници на граничните премини

redakcija2
4

Претрес во Скопје, лишени од слобода две лица, пронајдени пет килограми марихуана

redakcija2
5

Попоски: Денес 24 јули на Шар Планина и тоа на Попова Шапка паѓа снег

redakcija2

Станете во контакт

  • Twitter
  • Facebook
  • Youtube
  • Instagram

NEWS1.MK

  • Маркетинг
  • Импресум
Станете во контакт
  • Twitter
  • Facebook
  • Youtube
  • Instagram

Copyright © 2026 News1 | Infinite News by Ascendoor | Powered by WordPress.