Нови потреси во Венецуела, 50.000 исчезнати

Додека спасувачките операции по разорните земјотреси во Венецуела сѐ уште се во тек, северниот дел на земјата беше погоден од неколку нови потреси. Според првичните податоци, повеќе од 50.000 луѓе се водат како исчезнати, додека првите меѓународни спасувачки екипи веќе пристигнаа на терен.

Во текот на ноќта, најмалку два посилни афтершока ја погодија северната крајбрежна зона на  Венецуела. Јачината на потресите изнесувала меѓу 4,7 и 4,9 степени според Рихтеровата скала, соопштија американската геолошка служба и Европскиот сеизмолошки центар.

Жители за новинската агенција „Ројтерс“ изјавиле дека потресите биле почувствувани и во главниот град Каракас, како и во блискиот град Маракај. Вкупниот број на афтершокови досега надминува 200.

Расте незадоволството поради бавната помош
Силните земјотреси што во средата навечер погодија делови од земјата предизвикаа огромни штети. Според официјалните податоци на владата, загинале речиси 1.000 лица, додека најмалку 3.360 се повредени. Воедно, повеќе од 50.000 луѓе се водат како исчезнати.

 

 

DW