Симон Такер – новинар
Денес, во судот во Њујорк започнува потрагата по порота што ќе одлучи дали хип-хоп иконата Диди е виновна за трговија со луѓе и сексуална злоупотреба. Тоа потенцијално би можело да му донесе доживотна казна затвор.
Според наводите, Шон „Диди“ Комбс можел да продолжи со своите активности со години, на големо разочарување на Дороти Карвело, која исто така била жртва на злоупотреба во музичката индустрија пред години.
„Никој не сакаше да ми верува, само ми се смееја во лице“, вели Карвело. Таа беше една од првите што го прекина тишината и стана лице на ретките жртви кои се осмелуваат јавно да се спротивстават на музичката индустрија.
Карвело имала 24 години кога почнала да работи во издавачката куќа „Атлантик рекордс“. „Уште од мал сонував да работам во музиката, но не можев да пеам и не можев да свирам на инструмент. Во Атлантик добив шанса да работам со големи имиња, сон што стана реалност.“
Кошмар
Но, наскоро нејзиниот сон се претвори во кошмар. „Секој ден ме навредуваа и ме допираа, по градите или по задникот.“ Таа била сексуално злоставувана неколку пати и од нејзиниот шеф.
Сепак, таа продолжи да работи таму долго време. Затоа што не гледаше излез, затоа што никој не интервенираше и затоа што сите инсистираа дека треба да биде среќна со местото што го има. Сè додека не почна да зборува во 2018 година. „Сакам да бидам таа што ќе повлече линија и ќе каже, ова е погрешно, ова не е правилно. Сакам луѓето да бидат повикани на одговорност.“
извор:НОС Холандија