Продолжуваат потрагата и спасувачките напори седум дена по разорните земјотреси во Мјанмар

Потрагата и спасувачките напори продолжуваат и по една недела од разорните земјотреси кои го погодија централниот дел на Мјанмар, оставајќи зад себе илјадници мртви и повредени, јавува Анадолу.

Според извештајот на кинеската новинска агенција Синхуа, бројот на загинати се искачиl на 3.145 лица, додека 4.589 се повредени, а 221 лице сè уште се водат како исчезнати.

Од првичните потреси, во земјата се евидентирани 66 последователни потреси, со магнитуда меѓу 2,8 и 7,5 степени.

Најтешко погоден регион е Мандалеј, каде што се загинти 2.053 лица, а повредени се 2.691. Во главниот град Нај Пи Тау се пријавени 511 загинати и 842 повредени.

Во соседен Тајланд, најмалку 22 лица го загубиле животот, а 70 се водат како исчезнати по уривањето на повеќекатница во изградба за време на земјотресот.

Земјотреси со магнитуда од 7,7 и 6,4 степени го погодија централниот дел на Мјанмар минатиот петок, регион во кој живеат околу 28 милиони луѓе. Многу згради се срамнети со земја, а жителите останаа без храна, вода и засолниште.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, најави испраќање хуманитарен координатор и специјален пратеник во Мјанмар, повикувајќи истовремено на политичко решение за внатрешниот конфликт во земјата.

„Тоа решение мора да вклучи пат за безбедно, доброволно, достоинствено и одржливо враќање на Рохинџа бегалците од Бангладеш“, рече тој во видеообраќање.

Гутереш додаде дека Обединетите нации „ќе стојат со народот на Мјанмар во ова тешко време“.

 

извор:АНАДОЛИЈА