Убиен осомничениот за нападот на ЦСД во Берлин

По нападот на маргините на манифестацијата Кристофер Стрит Деј (ЦСД) во Берлин, осомничениот за нападот бил убиен за време на полициска акција. Ова по 18 часот го потврди и полицијата во Берлин.

Според полициски наводи, осомничениот се упатил кон полицајците со оружје за бодење, по што бил застрелан и подоцна им подлегнал на повредите.

Во нападот што се случи во саботата навечер (25.07), при кој прво беа прегазени луѓе со автомобил, а потоа беа нападнати со остро оружје, најверојатно мачета, според германскиот министер за внатрешни работи Александер Добринт, загинала една жена, а 29 лица биле повредени.

Министерот Добринт го посочи Абдул Б. како осомничен сторител. Уште утрото полицијата објави потерница со фотографија од 21-годишникот.

Осомничениот е опишан како слаб и висок околу 1,90 метри. Според информациите на агенцијата ДПА, тој има семејство во Берлин и во мај 2026 година бил ослободен од малолетнички притвор.

Добринт изјави дека Абдул Б. и претходно бил „забележан“ од властите и дека зад себе има „високо ниво на кривични дела“.

Според Добринт, осомничениот е роден во 2005 година и е германски државјанин. Тој има либанско потекло, а неговата мајка добила германско државјанство во 2002 година. Според податоците на Берлинското јавно обвинителство, тој е роден и израснат во Берлин.

 

DW