Пролетно сонце во Македонија: Не очекуваат натпросечни температури

Денес и утре (6/7 март 2026) територијата на Македонија ќе биде под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на релативно топла  и стабилна воздушна маса од југ која ќе услови да имаме претежно сончево и релативно топло време преку ден со слаб до умерен ветер од променлив правец. Ќе има  и појава на мала локална облачност.

Во Скопје  и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме стабилно, суво и претежно сончево време и релативно топло преку ден.

Што се однесува до температурите тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени и ќе бидат над просекот за овој период од годината. Тоа значи дека преку ден не очекува вистинско пролетно време.

Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта до близу 0 степени а преку денот таа ќе се искачува до околу 17 степени, стои во најновата метео анализа од метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

meteoalarm.mk