СДС треба да се срами да го стави зборот „Онкологија“ во соопштение, зошто се директно виновни за страдањето на десетици луѓе, велат од ВМРО ДПМНЕ

СДС треба да се срами да го стави зборот „Онкологија“ во соопштение, зошто се директно виновни за страдањето на десетици луѓе.

Крадењето на цитостатици, кои наместо за болните од рак завршувале на црн пазар за продажба е директна одговорност на СДС, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Која црна истрага се води, кога и после недела дена од случајот сите потенцијално одговорни и виновни се на слобода на своите работни места со можност да влијаат на истрагата?

Дали некој во СДС мисли дека народот е целосно несвесен и го потценува?

Јасно е дека врвот на власта со Ковачевски знаел за случувањата на Онкологија, не може да има 20 милиони евра минус на Клиниката, а никој да не се запраша зошто.

Сведочењата на семејствата на жртвите се доволен индикатор дека системот во целост е трул и е потребен рестарт.

извор: ВМРО ДПМНЕ