Топол оброк за сите – во спомен на Ѓорги Горгиев
Денешниот оброк во акцијата „Топол оброк за сите“ е посветен на нашиот струмичанец Ѓорги Горгиев, тапанарот на групата ДНК, на годишниот помен од трагедијата во Кочани во која го загуби животот обидувајќи се да помогне и да спаси што повеќе луѓе на концертот на бендот.
Со овој скромен чин се сеќаваме на Ѓорги – млад човек кој остави длабока трага меѓу своите пријатели, сограѓани и сите што имаа можност да го запознаат. Тој беше и дел од големото хуманитарно семејство Елеуса Фондација , секогаш подготвен да помогне таму каде што е потребно.
Нека добрината што ја остави зад себе продолжи да живее преку делата на сите нас.
Благодарност до семејството што не забораваат на оние наши браќа и сестри на кои им е потребна помош!
…зашто, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, странец бев и Ме прибравте; гол бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте кај Мене.‘
– Матеј 25, 35-36
Вечнаја памјат!



