Лишени од слобода 10 лица на територијата на цела држава во текот на изминатото деноноќие затоа што кај нив при преглед е пронајдена дрога

На 24/25.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ч.Ј.(47), А.Т.(19), Е.Р.(48), Б.Х.(27), Д.А.(18), Ж.Е.(48), Е.Е.(39) и Д.Д.(53), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и шишиња со течна материја.
На 24.06.2026 во 15:25 часот во Градскиот парк во Свети Николе, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишија од слобода Д.Н.(37) од Свети Николе затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана.
На 24.06.2026 во 10:05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишија од слобода Д.Ц.(31) од Србија. При контрола и преглед на патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки, во кое била сопатник, во нејзината торба била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.