Се судрија хеликоптери во Финска, се верува дека пет загинати

 

Два хеликоптери од Естонија се судрија и се урнаа во југозападна Финска. Тие полетаа од естонскиот главен град Талин и беа на пат кон Кокемаки во југозападна Финска

Според естонското Министерство за надворешни работи, загинале сите пет патници во двата авиони. Финската полиција потврди дека во авионот имало вкупно пет лица, но се уште не соопшти дека се мртви.

Финскиот јавен сервис Yle разговараше со сведок. Веднаш после 12:30 видел дека хеликоптерите летаат блиску еден до друг. „Одеднаш едниот од хеликоптерите направи брзо движење и се судри со другиот. Веднаш потоа дојде до страшна несреќа. Едниот хеликоптер падна како камен, другиот се спушти во надолна спирала. После тоа не видов и не слушнав ништо повеќе. Немаше чад.

Остатоците слетале на околу стотина метри оддалеченост. Според естонските медиуми, меѓу патниците имало и најмалку двајца бизнисмени и сопругата на еден од нив.

 

извор: Нос Холандија