Двајца планинари загинаа во лавина во Швајцарија. Уште петмина се повредени и пренесени во болница со хеликоптер.
Во 13 часот и 45 минути полицијата во кантонот Берн добила дојава дека на западната страна на планината Ајгер во градот Лаутербрунен паднала лавина. Две групи скијачи беа однесени.
Спасувачките екипи успеале да ги лоцираат сите скијачи. Починатите лица се мажи. Тие се уште не се идентификувани. Повредените се четворица мажи и една жена. Полицијата не кажува ништо за нивниот идентитет
извор:НОС Холандија




