Тошковски и висока делегација од САД разговараа за зајакнување на соработката во борбата против организираниот криминал

Денеска (25.06.2026) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари средба со Џон Гоутанис, висок функционер во Американскиот Оддел за внатрешна безбедност и заменик потсекретар на Канцеларијата за стратегија, политика и планови.
Во конструктивна и пријателска атмосфера беше разговарано за продлабочување на билатералната соработка, особено во рамки на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји. Соговорниците ја нагласија важноста од заеднички пристап во справувањето со организираниот криминал, трговијата со дрога и другите транснационални безбедносни предизвици.
На состанокот беше истакнато дека регионалната соработка, координацијата и размената на информации претставуваат клучни предуслови за ефикасна борба против криминалните мрежи кои дејствуваат преку државните граници. Посебно беше потенцирана важноста на поддршката од САД преку експертска помош, обуки и јакнење на институционалните капацитети.
Средбата заврши со потврда на заедничката посветеност за натамошно унапредување на соработката и преземање конкретни чекори во насока на поефикасна борба против организираниот криминал и зајакнување на безбедноста во регионот