Артан Груби е поранешен прв вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, а се гони за проневера во служба“ во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати.
Груби како раководител на владината седница го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.
Со Одлука на влада со која раководел Груби било отуѓено и државно земјиште на фирмата на сопругата на Ковачевски за изградба на фотоволтаици по цена од 70 денари за м2.
Груби од 9. декември 2024 е на Црна листа на САД поради „вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси“.
skopjeinfo.mk




