Во текот на изминатата вечер (26/27.02.2022) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во пет угостителски објекти и едно казино во Тетово. Притоа, затекнати се 11 малолетници во угостителски објекти по 24 часот, од кои осум малолетници конзумирале алкохол, а 14 се затекнати без да поседуваат ковид сертификат. Откриени се три кривични дела од кои едно за употреба на лажен сертификат, а до надлежното обвинителство ќе биде поднесен поднесок и против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби.
Related Posts
Џафери во посета на Шар Планина: Националниот парк нуди одлични можности за туристички и социо-економски развој на шарпланинскиот регион
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска го посети Националниот парк „Шар Планина“. За време на денешната…
(ВИДЕО) Напад во метро станица во Брисел, има повредени
Во метро станицата Шуман во Брисел, во близина на седиштето на европските институции, вечерва е избоден млад човек, додека неколку…
(ВИДЕО) Македонец фатен во Бугарија со 21 килограм дрога скриена во моторот на автомобилот
Царинските службеници запленија 21 килограм синтетичка дрога скриена околу моторот на патнички автомобил, извести Царинската агенција. Дрогата била откриена на…