Денот четврток 16 јули во Македонија ќе биде сончев со позасилена топлина со што целата територија на Македонија се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради високите максимални дневни температури на воздухот кои се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, а во Скопје и околината до околу 36 степени.
Сепак и покрај зголемување на интензитетот на топлината, екстремно топол бран нема да имаме, но и таков екстремно топол бран нема на повидок до самиот крај од месец јули.
Инаку, денот четврток 16 јули во попладневните часови, особено во планинските места носи услови за развој на конвективни облачни грмотевични јадра од кои очекувам појава на краткотраен но пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Можна е и појава на краткотрајно невреме.
И во делови од Скопскиот регион и од котлината ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.




